Земјотрес во Словенија: Се тресеше кај нуклеарката Кршко и предизвика паника кај населението

news
Advertisement

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди областа кај нуклеарната централа Кршко во Словенија.

Advertisement

Според сеизмолошките служби, епицентарот на земјотресот бил кај Кршко, на длабочина од 4,9 километри под површината на земјата. Нема информации за сериозни штети, но земјотресот предизвика паника кај локалното население.

„Се тресеше околу 5 секунди“, рече еден корисник на апликацијата LastQuake.

„Кратко, но моќно“, додаде друг.

„Лежев на креветот и реков: Абе брат, како некој да ми го турка креветот“, се само дел од коментарите на апликацијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.