Ебола – Африканска држава воведе карантин за две региони

news
Advertisement

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени нареди карантин во два региона од централниот дел на земјата каде е главното жариште на епидемијата на ебола, забранувајќи патувања, воведувајќи полициски час и наредби за затворање на места кои примаат публика.

Advertisement

Министерството за здравство наведека дека досега 19 лица починале од ебола, а од првото појавување на вирусот на 20 септември во земјата се потврдени 58 случаи на заразата.

Претседателот Мусави во телевизиско обраќање нареди двата региона веднаш да бидат затворени, и во следните 21 ден да има полициски час од самрак до зори, да се забранат патувања и да се затворат пазарите, баровите и црквите.

Претседателот претходно претходно им нареди на традиционалните исцелители да престанат да се грижат за болните во обид да се спречи ширењето на вирусот, а полицијата да го уапси секој за кого се сомневаат дека е заразен со ебола, а одбива изолација.

Во Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, заразата која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго.

Вирусот на ебола или хеморагична треска може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.