Евакуација на учениците во тек – Дојави за бомба во три училишта во Кавадарци

news
Advertisement

Дојава за поставени експлозивни направи денеска се упатена во три училишта во Кавадарци, информираат од МВР. Како што се наведува во соопштението од полицијата, во тек е евакуација и проверка на дојавите

Advertisement

„Денеска (05.12.2022) околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите“, стои во соопштението од полицијата

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.