Меџити, Касами и Гаши на маса за обединување на опозицијата, Хоџа се оградува: сакаат да си ги исперат политичките фигури

news
Advertisement

Изет Меџити предводникот на новото политичко движење кој неодамна излезе од ДУИ се сретна со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши. Тие како што информираа подоцна со Касами на социјалните мрежи, разговарале за принципите на нивната идна соработка со која треба да ја обединат албанската опозиција во државата.„Почитувани граѓани, истомисленици и соработници. Како што најавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со г. Касамин и г. Гаши во Собранието на РМВ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка.

Advertisement

Нашето искрено патување продолжува! Нека ни е со среќа“, напиша Меџити.

И Билал Касами од Беса информираше за денешната средба чија цел е обединување на албанската опозиција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.