Утре тргнуваат уставните измени, Ковачевски ќе го образложи предлогот

news
Advertisement

Финализираат подготовките пред утрешниот почеток на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот. Денеска се одржа редовна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствувале од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Џафери ја повторил постапката за текот на седницата пропишана во Деловникот на Собранието, но конкретен договор или евентуална листа на говорници немало. Очекувањата на дел од присутните на координативната средба се дека Џафери ќе комуницира со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски до пред почетокот на седницата. Според Деловникот дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена односно да заврши на 7 или 9 август.

На утрешната седница на Комисијата за уставни прашања, по усвојувањето на дневниот ред, Предлогот во 30 минути ќе го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а по него ќе зборуваат пријавените членови и заменици на ова законодавно тело, а потоа право за збор ќе имаат и други пратеници.

Најавите се дека пријавени за збор ќе има од сите пратенички групи, како и дека на Комисијата ќе учествуваат и пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е против уставни измени. Се очекува тие да го образложет нивниот став против уставни измени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.