Advertisement
Метеорологот Славчо Попоски најавува продолжување на дождливото време.
Advertisement
– Поради влијанието на циклонската активности од запад, поточно од Џеновскиот залив, времето во Македонија оваа недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет – вели Попоски.
Преодно стабилизирање на времето ќе има на самиот почеток од следната недела.
Температурите и во следните денови ќе бидат без поголеми промени.
Во Скопје и околината и понатаму ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени.
Advertisement