По бурниот љубовен живот, Дарко Лазиќ ја пронајде среќата со својата сегашна сопруга, Катарина Лазиќ.
Имено, пејачот беше во врска со Катарина пред 15 години, по што раскинаа. После тоа, Дарко се ожени со Ана Севиќ со која ја доби ќерката Лорена, а потоа доби син со Марина Гагиќ. Впрочем, нивните патишта повторно се вкрстија.
По породувањето, Катарина Лазиќ реши да ја доведе својата фигура до совршенство, а на Инстаграм сподели слика од теретана во хеланки, и откри дека тежи 43 килограми и е висока 160 сантиметри.
Foto: Instagram.com
– Ова е мојата моментална тежина. Таа е во ред кога не тренирам редовно. Но, штом го зголемам тренингот, ќе ги зголемам и калориите, а потоа ќе се стремам мојата тежина да биде 52 килограми – напиша Катарина и додаде:
– Знам дека сега има милион пораки во кои се прашувате колку сум висока. Но, секако мојата висина и тежина не се мерило за другите, секако единствениот и најдобар показател се огледалото и мерките, а не вагата.