Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски

news
Advertisement

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира на претседателот Стево Пендаровски Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Advertisement

– Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание, објави Пендаровски на фејсбук.

Евроамбасадорот Гир претходно им го врачи Извештајот на ЕК и на претседателот на Собранието Талат Џафери и на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

По повод објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија за 2023, Маричиќ и Гир утре ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.