Европскиот суд за човекови права пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор

news
Advertisement

Европскиот суд за човекови права пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор со што повредено му е правото на слобода поради непостоење на доволно причини за негово лишување.

Advertisement

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите за 27 април и за „Шпански скали“, одлучи денеска Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП). Имено, Судот утврдил недостиг од доволни причини на неговото лишување од слобода и недостиг од навремено разгледување на жалбите кои што се поднесувани за притворите.

„Предметот се однесува на две кривични постапки против г-дин Јанакиески, првата за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а втората за злоупотреба на службената положба, при што со одлуки на домашните судови тој беше лишен од слобода. Потпирајќи се на член 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, г-дин Јанакиески се жали на наводна незаконитост и самоволие, немање релевантни и доволни причини и недостиг на брзо преиспитување на неговото лишување од слобода. Утврдена е повреда на член 5 став 3 поради немање доволно причини за лишување од слобода на жалителот и повреда на член 5 став 4 поради недостиг на ‘брзо’ преиспитување на лишувањето од слобода на жалителот“,

се наведува во пресудата на ЕСЧП.

Европскиот суд прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконските притвори. Одредена му е отштета од 3 900 евра.

Јанакиески во моментов издржува затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“. Тој во јули годинава од куќен притвор беше спроведен во затвор откако призна вина за речиси сите дела поврзани со изборни нерегуларности во случајот „Титаник, освен за делото злоупотреба на средствата за финансирање изборна кампања, но подоцна обвинителството се откажа од прогон за ова дело.

Јанакиески веќе има одлежано речиси пет години притвор за разни предмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.