Европското обвинителство започна истрага за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија

news
Advertisement

Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари.

Advertisement

Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во реонот на Благоевград.

Обвинителството информира дека истрагата е покрената по сознанија добиени од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) дека една од компаниите што е дел од конзорциумот кој го градеше тунелот, е осомничена за неколку кривични дела, вклучувајќи проневера, злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари.

Според Обвинителството, постојат сомнежи дека посочената компанија во многу краток период извршила неколку фиктивни трансфери во износ од над 5,6 милиони евра на сметки на фантомски фирми, кои потоа биле повлечени како готовина од лица со криминално досие. Овие фирми и поединци се опфатени и со друга тековна истрага на Европското обвинителство во врска со инфраструктурни проекти во железничкиот сектор.

Во рамки на истрагата извршени се претреси во шест фирми и четири приватни станбени објекти во два бугарски окрузи.

Автопатот „Струма“, проект кофинансиран од Европскиот кохезивен фонд во рамки на Програмата за транспорт и транспортна инфраструктура за периодот 2014-2020 година, го градеше конзорциум од три компании. При изградбата на изведувачот му биле исплатени речиси 95,6 милиони евра од кои 85 отсто потекнувале од фондовите на ЕУ.

– Во тек се истраги за утврдување на природата и обемот на наводните криминални активности, информира Европското јавно обвинителство.

Изградбата на тунелот „Железница“ траеше повеќе од пет години и заедно со околната инфраструктура чинеше 215 милиони евра. Тунелот беше отворен за сообраќај на 20 февруари. Автопатот „Струма“ го поврзува Солун со „Дунавскиот мост 2“ на границата меѓу Бугарија и Романија.

Конзорциумот што го градеше автопатот беше избран од една од поранешните Влади на Бојко Борисов.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.