Приведен кондуктер во Железници осомничен за криумчарење мигранти

news
Advertisement

-На Железничка станица Велес синоќа во 19.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А., на возраст од 28 години, од Скопје, кондуктер во Железници на Република Северна Македонија. Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението. Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ откриле две лица, мигранти од Сирија. – Во службен разговор во полициска станица, тие изјавиле дека на кондуктерот му дале пари за да влезат во возот, се наведува во соопштението. А.А. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.