Еден бивш министер си ја имаше вработено и бебиситерката во МНР, тврди Ковачевски

news
Advertisement

Тоа ќе морате да ги прашате тие што имаат некакви свои роднини вработени било каде. Јас имав свој принципиелен став во однос на М-НАВ. Министрите што имале роднини вработени го имаат кажано својот став. Јас не можам да кажам да бидам портпарол на семејства на други луѓе. Таа тема ако се отвори, тогаш ќе треба да проверите и во Академија на судии, кој се станува судија и обвинител, па да видите по министрества…Имаше еден бивш министер, кој сега е многу гласен, тој дури и бебиситерката си ја вработи во МНР, што му го чуваше детето, рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан за дел од вработените во М-НАВ, кои се во родниниски врски со членови на Владата.

Advertisement

Според претседателот на Владата, ваквата ситуација е карактеристика на едно општество во транзиција.

Веќе доаѓа време кога професионализмот ќе биде најважен и најклучен. Оваа е држава која се разликува во однос на тоа пред 32 години. Сметам дека професионалците ќе ја водат во иднината и до полноправно членство во ЕУ, кажа Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Шуто Оризари.

Министерот Љупчо Николовски денеска истакна дека неговиот чичко бил вработен во М-НАВ уште пред тој да биде роден, додека за неговиот братучед кажа дека е школуван и стручен кадар, кој 20 години се има образовано во Кина, Јапонија и Словенија.

Извор. https://lokalno.mk/eden-bivsh-minister-si-ja-imashe-vraboteno-i-bebisiterkata-vo-mnr-tvrdi-kovachevski/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.