Еден голем дефект во РЕК Битола зимава и „ојдовме јабана“

news
Advertisement

Четири милијарди киловат часови струја оваа година треба да обезбеди ЕСМ за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има непречена испорака на електрична енергија. Ако ова државава не успее да го направи тоа од сопствените капацитети, ќе биде драматично, велат надлежните. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Алсат вели дека во спротивно ќе треба потребното количество да се купува по екстремно високи пазарни цени.

Advertisement

„Како што се најавува, ЕСМ треба да произведе, според нивните планови, до крајот на годинава да има четири милијарди киловат часови, бидејќи ако ЕСМ произведе три милијарди и 700 или 800 милиони киловат часови, тогаш имаме проблем“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

За да се обезбеди потребното количество на струја потребно е да бидат во функција сите електрани во земјава и тоа да работат во „полна пареа“. Од ЕСМ, за Алсат велат дека прво следуваат ремонти во РЕК Битола и во термоелектраните Осломеј и Неготино.

„Најнеопходни ремонтни активности на Блок 1 во Битола ќе имаме почнувајќи од 20.09, па во наредните 25 дена. После тоа истото ќе го направиме и со Блок 2. Во текот на ноември планиран е еден месец застој на ТЕ Осломеј за да се отстранат сите појавени дефекти и недостатоци во текот на работата со цел подоверлива работа во екот на грејната сезона. ТЕЦ Неготино е во планиран застој од 12.09. до 22.09, период кога ќе се направат најнеопходни санации“, велат од ЕСМ.

ЕСМ – ПЛАНИРАНИ РЕМОНТИ
Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола после 20 септември
Ремонт во ТЕЦ Неготино од 12 септември
Во ноември ремонт во ТЕЦ Осломеј

Во последните години речиси секогаш кога во текот на зимските месеци беа вклучени повеќето енергетските производствени капацитети, се случуваа хаварии и со денови дел од нив не функционираа. За оваа година надлежните велат дека планираното зголемено производство од 25 отсто во однос на ланската година би било реалност само ако не дојде до хаварија, пред сè во некој од блоковите во Битола./Alsat.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.