Еден загинат и дваесетмина повредени во сообраќајката на излезот од Битола за Прилеп

news
Advertisement

Во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на излезот од Битола за Прилеп, според неофицијални информации има еден загинат, а дваесетмина се повредени од кои тројца потешко.

Advertisement

Првичните информации од тешката сообраќајна несреќа се дека до несреќата дошло кога патничко моторно возило со голема брзина удрило во комбе кое превезувало работници од фабриката “Кромберг и Шуберт”.

На самото место на сообраќајката од силината на ударот загина возачот на патничкото возило, а повредени се работниците што биле во комбето.
Од нив, тројца се здобиле со потешки повреди, а останатите патници во комбето се здобиле со полесни повреди.

Во Клиничката болница во Битола најголемиот дел од повредените се пренесени со полициски возила и возила што биле на местото на несреќата, а противпожарната единица прави напори да го изнесе возачот на патничкото возило за кое очевидци на несреќата велат дека починал веднаш по сударот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.