Advertisement
Advertisement
Почина девоjчето кое беше повредено во сообраќајна несреќа што се случи во Зета во Црна Гора на 30 август. Ова неофицијално го соопштија од Управата на полицијата, пренесуваат црногорските медиуми. Потсетуваме, како што претходно соопштија од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа, по несреќата во Ургентниот блок на Клиничкиот центар се пренесени повеќе лица. Повреденото дете, како што тогаш беше соопштено, било на интензивна нега во Детската болница во Подгорица. Од полицијата потврдија дека повреденото девојче починало вчера.
Advertisement