Еден од кандидатите собра 10 000 потписи. Еве кој

news
Advertisement

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи, влегува во трката со Силјановска и ПендаровскиAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 26/02/2024
Бујар Османи собрал 10.000 потписи за претседателска кандидатура. Тој преку видео им се обрати на граѓаните и кажа дека поддршката ја добил во рекоредн период.

Advertisement

„Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент, додека ја барав поддршката и до моите најблиски“, кажа Османи.

Тој посочи дека ќе влезе со најголема сериозност во кандидатурата.

„Посакувам позитивна кампања и да се натпреваруваме со идеи и дела“, додаде тој.

Истовремено, до вчеравечер, според податоците од ДИК, Османи имаше близу 8.500 потписи. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.

За тоа колку потписи се собрани во текот на денешниот ден, ќе се знае утре изутрина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.