ЏАФЕРИ ИМА КОЕФИЦИЕНТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАКО АЈНШТАЈН, МОЖЕБИ И ПОГОЛЕМ: Братот на премиерот го испофали дека е вреден и паметен

news
Advertisement

Братот на сега веќе избраниот премиер на Македонија, Талат Џафери, Нешат Џафери го пофали неговиот брат дека има коефициент на интелигенција како Алберт Ајнштајн.

Advertisement

Според него, Талат има големо искуство и многу работи,

„ И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем – вели во изјава за косовската телевизија „Клан“, Нешат Џафери.

„Знаев дека ќе биде изгласан затоа што не ги остава работите на половина, рече Нешат кој од семејниот дом го следеше изборот на техничката влада, а на гости му беше екипа од косовската телевизија „Клан“.

Според Нешат Џафери, неговиот брат Талат Џафери со посебна посветеност ги завршува обврските, без разлика дали има неразумни пречки од други партии или пратеници.

Тој вели дека Талат секогаш наоѓа правилен и реален пат за подобар соживот на народите во Македонија, без разлика на која нација или вера припаѓаат.

Понатаму, Нешат додава дека брат му не одмора дури и кога доцна се враќа дома, но затоа цени дека е искусен и има капацитет да ја води државата.

„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем“,

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.