ЕДЕН ОТСТО МИЛИЈАРДЕРИ ПОСЕДУВА 45,6 ОТСТО ОД ГЛОБАЛНОТО БОГАТСТВО Богатството на планетата изнесува 464 милијарди долари

news
Advertisement

Половина од растот на вкупното богатство е создаден во САД а една четвртина во Кина.

Advertisement

Вкупното светско богатство порасна за 9,8 отсто и во 2021 година достигна 463,6 милијарди долари.

За тоа најзаслужни се САД со учество поголемо од половината од вкупното зголемување на богатството. Кина придонесува со четвртина.

Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија, Латинска Америка заедно сочинуваат само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство во 2021 година, се наведува во извештајот објавен од банката „Креди Свис”.

Најбогатиот еден отсто од планетата продолжува да акумулира 45,6 отсто од богатството во 2021 година, пишува „Ел Паис”.

Извештајот на „Креди Свис” предвидува малата група да продолжи да расте. Бројот на милионери, со богатство поголемо од милион долари, ќе достигне 87 милиони, а бројот на ултрабогати, со нето богатство поголемо од 50 милиони долари, ќе достигне 385.000 во наредните пет години.

Во основата на пирамидата се оние кои во 2021 година имале капитал помал од 10.000 долари и кои претставуваат 53 отсто од светската популација.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.