Европа го осуди повикот на Путин за делумна мобилизација на Русија

news
Advertisement

Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој смета дека изјавите на Владимир Путин утринава се признание дека неговиот план во Украина пропаѓа.

Advertisement

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
– Тој и неговиот министер за одбрана испратија во смрт десетици илјади нивни лошо опремени и лошо водени граѓани. Ниту една пропаганда не може да го скрие фактот дека Украина победува во оваа војна, дека меѓународната заедница е обединета, додаде тој.

Папата Франциск утринава изјави дека Украина е „маченик”, откако Владимир Путин потврди дека денеска ќе бидат мобилизирани руските резерви.

Папата не ги именуваше Путин или Русија, но го осуди „дивјаштвото, монструозноста и тортурата” што се случуваат во Украина.

Чешкиот премиер Петр Фиала рече дека делумната мобилизација што ја објави Москва е „обид за понатамошна ескалација на руската војна против Украина”.

Според него, тоа е „уште еден доказ дека Русија е единствениот агресор”.

– На Украина треба да ѝ се помогне и во наш интерес мора да продолжиме да го правиме тоа, напиша Фиала на Твитер.

Герашенко: Путин е во агонија
Путин е во агонија. Ги фрли сите карти на маса. Направи се за да избегне мобилизација, знаеше дека анкетите покажуваат дека овој потег има поддршка од само десет проценти”, објави Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја одлуката на рускиот претседател за делумна мобилизација.

„Кога овие набрзина мобилизирани луѓе ќе се вратат од војната, тие ќе ја дестабилизираат Русија и ќе ја фрлат во превирања”, напиша тој.

„Никој не може да го запре тркалото на историјата. Фрлајќи ги сите овие луѓе во војната против Украина, Путин само ќе се приближи до својот крај. Ништо не се менува за Украина. Продолжуваме да одиме напред и да ги ослободуваме нашите територии. Западот продолжува да не поддржува. Слава на Украина”, додаде Герашенко.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја осуди најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација.

– Овој потег е лош и погрешен, нагласи Хабек.

Кина: Нашиот став е јасен
Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и консултации и да најдат начин да ги решат безбедносните проблеми на сите страни, откако рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за, како што рече, „нуклеарна уцена”.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин на редовниот брифинг за медиумите рече дека позицијата на Кина за Украина е конзистентна и јасна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.