Еди Рама бара да се отфрли извештајот на Дик Марти за „жолтата куќа“

news
Advertisement

Рама тврди дека извештајот на Марти и последователната резолуција на Парламентарното собрание на Советот на Европа повеќе се потпирале на шпекулации отколку на факти и докази
Албанскиот премиер Еди Рама испрати писмо до земјите членки на Советот на Европа (СЕ) во кое бара од нив да го отфрлат извештајот на Дик Марти за трговија со човечки органи, јавуваат Репортерс, пренесува Танјуг.

Advertisement

Рама побара и поддршка од земјите членки на СЕ за започнување процес што ќе доведе до нов извештај кој ќе го исправи она што албанскиот премиер го нарекува „трагична грешка“.

Рама го испрати писмото до шефовите на држави и влади на сите земји членки на Советот на Европа по „напорите започнати на меѓународно ниво“ со говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, за отстранување, како што наведе, на стигмата за трговијата со човечки органи за албанската нација и стигмата на самиот Совет.

Рама тврди дека 11 години по усвојувањето на Резолуцијата во Советот на Европа, врз основа на извештајот на Марти, нема докази за трговија со човечки органи.

„Единаесет години подоцна, сите истражни напори направени оттогаш, на национално, регионално или меѓународно ниво, за докажување на обвиненијата за трговија со човечки органи, успеаја да го докажат она што беше познато: нема апсолутно никакви докази, ниту во Албанија ниту на друго место во регионот, за вадење и тргување со органи, за што може да се обвинат и припадници на Ослободителната војска на Косово“,

напиша албанскиот премиер.
Дополнително, како што наведе Рама, обвиненијата издадени од специјализираните совети во Хаг „не содржат ниту еден збор поврзан со наводното вадење и трговија со човечки органи“.

„Колку и да изгледа чудно, нема факти, нема сторители, нема жртви на трговија со човечки органи“,

смета Рама.
Рама тврди дека извештајот на Марти и последователната резолуција на Парламентарното собрание на Советот на Европа повеќе се потпирале на шпекулации отколку на факти и докази.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.