Една листа на парламентарните избори сè уште отворена тема кај владините партнери, тврди Таравари

news
Advertisement

Според лидерот на Алијанса за Албанците, следната недела ќе донесат одлука, дали на наредните избори ќе одат заедно со СДСМ и ДУИ
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 открива дека владејачките коалициони партнери разговарале за опцијата на парламентарни избори кои треба да се одржат следната година да одат со една изборна листа.

Advertisement

„Имавме состаноци и со Ахмети и со Ковачевски“, потврди тој.

Таравари посочи дека засега се против, но партијата ќе донесе ќе донесе конечна одлука.

„Разговаравме за опцијата да одиме заедно на избори, со една изборна листа. Но, искрено јас сметам дека во моментов е малку проблематично за нас како партија да бидеме со ДУИ на една листа, но никако не го затвораме како прашање“, рече Таравари.
Според него, ќе се прават анализи и ќе се разговара со членството.

„Следната недела ќе донесеме одлука, дали на наредните избори ќе одиме заедно со СДСМ и ДУИ“, изјави Таравари.
Таравари зборуваше за можно излегување од Владата, доколку не се изгласаат уставните измени во Собранието.

„Ние влеговме во Влада со една цел, да помогнеме на мнозинството на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Ние станавме дел од Владата да помогнеме да се соберат 2/3 од пратениците и да се изгласаат уставните измени. Ако тоа не се случи, тогаш ќе го свикаме централното раководство и ќе одлучиме што понатаму, дали ќе продолжиме со ова мнозинство или ќе одиме во опозиција“, вели Таравари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.