ПРИРОДНО Е ВО ДВОРОТ НА МАНАСТИР ДА ИМА КРСТ За случувањата на Попова Шапка, Спасеновски смета дека меѓуверските тензии прават штета

news
Advertisement

Најмалку што ни е потребно е разгорување на верска нетрпеливост, а причините може да се најдат кај некои партии кои сакаат да остварат краткотрајна корист, но не треба да се исклучат и други надворешни хибридни влијанија на кои не им одговара стабилна Македонија, вели Спасеновски.

Advertisement

Природно е да има верски симболи во дворови на верски храмови, политичката корист од разгорувањето на меѓурелигиските тензии прави штета, е анализата на професорот Александар Спасеновски од Правниот факултет во Скопје.

Во врска со политичката полемика во врска со поставувањето на крстот во кругот на манастирот „Свети Наум“ на Попов Шапка, причините треба да се бараат во одговорот на прашањето кој има корист од ваквиот обид за разгорување на меѓуверски тензии, смета професорот Спасеновски во Тема на денот во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.

– Најмалку што ни е потребно е разгорување на верска нетрпеливост, а причините може да се најдат кај некои партии кои сакаат да остварат краткотрајна корист, но не треба да се исклучат и други надворешни хибридни влијанија на кои не им одговара стабилна Македонија – вели Спасеновски.

Според професорот Спасеновски, оваа верска симболика на Попова Шапка е непроменета повеќе децении, односно дека е природно да има верски симболи во дворовите на верските објекти и дека треба да се акцентира внимателноста на верските заедници, како и на граѓаните кои не избрзаа со погрешни квалификации.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.