ЕДП: Доколку не се изгласаат уставните измени, Северна Македонија станува лесна мета за антизападни сценарија

news
Advertisement

Уставните измени кои се дел од преговарачката рамка со Европската унија се главниот чекор што ги отвора вратите за интеграција на земјата во Европската Унија.
Не треба да се изгубат шансите што ни ги пружат меѓународните партнери, затоа ги повикуваме сите политички фактори во овие историски моменти да излезат надвор од рамките на партиските анкети и да размислуваат за иднината на граѓаните, генерации зад нас како и за државата.
Ако сега не се донесат уставни измени, Северна Македонија станува лесна мета на сите антиевропски агенди кои се обидуваат државата и граѓаните да ги задржат изолирани од целиот прозападен свет и од демократските и развојните процеси што ги нуди Европската Унија.
Се наметнува што поголемо обединување на проевропските сили во земјава како единствен механизам кој ќе се спротивстави на политиките кои сакаат да ја изолираат земјата и европската иднина.
Затоа, апелираме секој политички субјект во државата кој е претставен во Собранието преку пратеници да се посвети на деблокирање на овој процес и што поскоро започнување на преговорите за членство во Европската Унија како единствена опција за иднина на граѓаните.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.