Епидемијата на колера однесе 41 живот во Сирија

news
Advertisement

Сириското Министерство за надворешни работи ја потврди смртта на 41 лице како последица на колера. Од почетокот на септември кога е регистриран првиот случај досега во земјата се регистрирани 757 заболени.

Advertisement

Најмногу случаи на болеста има во Алепо (477), осум во главниот град Дамаск.

Имран Риза, претставник за хуманитарни прашања на ОН во Сирија, истакна дека причина за избувнувањето на епидемијата е користењето вода од непроверени извори.

Според него, епидемијата во Сирија претставува сериозна закана за населението на целиот Блиски Исток.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека во светот во просек годишно се регистрираат од 1,3 до четири милиони случаи колера и оти од болеста умираат неколку десетици илјади луѓе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.