Холандските мајки се официјално најсреќни мајки на светот, а ова се нивните правила

news
Advertisement

Многубројни истражувања во повеќе наврати покажаа дека децата во земји како Данска, Холандија и Шведска се најсреќните деца во светот, а во чекор ги следат и нивните мајки – и тие се сметаат за најсреќни мајки. Покрај овој епитет ги краси и оној дека се најопуштените мајки на светот. Ова особено се однесува на Холанѓанките, па не е ни чудо што за нивните мајчински методи и навики постои и книга „Stuff Dutch Moms Like“.

Advertisement

„Сè уште не сум забележала дека Холанѓанките го креваат гласот на своите деца. Тоа што се опуштени не значи дека не се вклучени или дека се отсутни. Тие уживаат да бидат во близина на своите деца, ги слушаат нивните мислења и им даваат конструктивни насоки“, е впечатокот на Михаила Гринер, австралиска новинарка која со години живее во Холандија.

воспитувањето на детето значи да се остави да си оди. На холандските деца им се дава простор и време да го негуваат својот „независен живот“. Исто така, Холанѓанките се чувствуваат помалку виновни од другите мајки и ова е здрав став кој им помага да имаат избалансиран пристап кон мајчинството.

Холандските мајки не се врзуваат за неуспесите или успесите на своите деца
Холанѓаните имаат неверојатна способност да ги одвојат талентите на своите деца (или недостатокот на истите) од своите. Нивните деца не се одраз на самите нив, туку се суштества со индивидуални карактери, сили и вештини. Тоа е освежувачка перспектива која ја отстранува конкуренцијата од општеството.

Холандските мајки спијат подобро од вас
Не е фер, но вистина е! Холандските мајки главно се секогаш наспиени затоа што и нивните деца спијат подобро.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.