Жена загина во пожар во куќа во Стар Дојран

news
Advertisement

Во пожар кој утрово зафати двоспратна куќа во Стар Дојран, загина жена.

Advertisement

„Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата. Во пожарот има и една жртва“, известија од РЦУК Струмица.

Во интервенцијата учествуваат ТППЕ Гевгелија со 4 пожарникари, едно противпожарно моторно возило и четирворица доброволци од противпожарното друштво од Дојран со едно возило“, известуваат надлежните служби.

Моментално се догаснува пожарот. Повеќе информации следуваат откако ситуацијата ќе се нормализира./slobodenpecat.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.