Вработена на Одделението за педијатрија во тетовската Клиничка болница вчера (20 ноември) во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавила дека на 9-ти овој месец околу 7 часот женско лице од Република Косово донело шестмесечно бебе без знаци на живот, кое лекарите од ова Одделение се обиделе да го реанимираат, но не успеале во тоа и констатирале негова смрт.
„Женското лице од Косово потоа го зело бебето и медицинската документација и заминало одбивајќи да се изврши обдукција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
ИЗВОР: https://plusinfo.mk/zhena-od-kosovo-donela-6-mesechno-bebe-bez-znaci-na-zhivot-vo-tetovskata-bolnica-odbila-da-mu-napravat-obdukci-a-pa-pobegnala-so-mrtvoto-dete/