Забележале жена која чудно оди, не им се верувало што крие под сукња

news
Advertisement

Најнеобична заплена имала царинската полиција на аеродромот на тајванскиот остров Кинмен, кога запреле жена која чудно се движела.

Advertisement

Шеесетгодишната жена се враќала од Кина, а обезбедувањето забележало дека таа чудно оди. Ја запреле за да проверат што е проблемот, а претресот сосема ги изненадил кога погледнале што носи под здолништето.

На нозете ѝ биле залепени 24 гербили, вид на глодари, кои ги сокрила во кеси.

Жената пред полицијата тврдека дека ги шверцува глодарите како подарок за пријатели и дека ги купила во продавница за миленичиња во Кина. Сепак, властите веруваат дека таа била испратена од шверцерската мафија да ги тестира перформансите на персоналот за безбедност на овој аеродром.

За жал, глодарите биле успиени по заплената.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.