Завршија рестрикциите на електрична енергија во Косово

news
Advertisement

Попладнево завршија ограничувањата за снабдување со електрична енергија на потрошувачите од Косово, поради влегување во производство на два блока на Косовската термоелектрана.
Пред неколку недели, поради влошување на состојбата со снабдувањето со електрична енергија во сите општини и населени места во Косово, на сила беше двочасовен прекин на електричната енергија.
Како што соопштија од Косовската електрокорпорација (КЕК) и од Косовското претпријатие за снабдување со електрична енергија (KESCO), без разлика што во моментов Косово има доволно електрична енергија за да ги исполни своите обврски кон потрошувачите, неопходно е да се заштеди електрична енергија.
„Затоа ги покануваме потрошувачите да се придружат на нашиот повик за заштеда на енергија, бидејќи секој киловат е важен за заштеда со оглед на енергетската криза која го зафати целиот свет. Континуирано ќе ви даваме практични упатства како да заштедите електрична енергија и рационално да ја користите“, се наведува во соопштението на „KESCO“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.