Запалено возило пред плоштадот „Скендербег”, изгасено со брза интервенција на пожарникарите

news
Advertisement

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Advertisement

Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.

– Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот по што за кратко време беше ставен под контрола.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.