Затвореник криел хероин во кесичка кафе за да го шверцува во келиите во Идризово

news
Advertisement

Затвореник кој во Идризово се враќал од законски дозволениот годишен одмор за ресоцијализација на осудените лица, се обидел да прошверцува хероин во келиите. Успеал да го сокрие во кеса со вакумирано филтер кафе, но затворската полиција и инспекторите на СВР Скопје успеале да ја најдат дрогата.

Advertisement

Затвореникот по 10-дневно отсуство, вчера вечер околу 17:30 се враќал во Идризово со пакет храна, облека и хигиенски материјали. Но, полицијата веќе знаела дека ќе се обиде да внесе дрога. При претресот, хероинот во две коцки е најден во кесичка вакумирано кафе.

Затворениците смеат да внесуваат или добиваат храна која е спакувана и за која имаат фискални сметки. Ова правило не важи само за овошје и зеленчук купено на пазар.

Хероинот во вакумирано кафе е само еден од триковите кои ги користат осудениците за да внесат недозволени работи во затворот.

Претходно во тетрапак пакувања на сок течноста е откриван алкохол. Течноста се вади со шприц, а потоа на истиот начин се полни со забранети алкохолни пијалоци.

Пред неколку години, татко на еден од осудениците за Диво Насеље се обиде да прошверцува кокакин во пакет за затвореникот, но откако беше откриен и тој беше осуден на затворска казна во Идризово.

Затвореникот кој синоќа е фатен со хероин добил казна во затворот, но ќе доби и кривична пријава од МВР.

-На ден 12.12.2022, при прием на затвореник кој користел отсуство, затворската полиција во КПУ-Идризово заплени поголема количина на дрога . Дрогата е пронајдена во форма на две поголеми коцки скриени во вакумирано кафе. Преку надлежната полициска станица веднаш е информирано МВР кое го превзеде случајот за натамошно постапување. Само со висока професионалност и посветеност во спроведување на законите, подзаконските акти и процедури ќе го зајакнуваме капацитетот и ефикасноста на државните институции, соопшти Управата за извршување на санкции.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.