100 луѓе загинаа во фатална свадба. Младенците раскажуваат…

news
Advertisement

Невеста и младоженец од Ирак, чија свадба заврши со трагедија, откако 100 гости загинаа во пожар оваа недела, изјавија за Sky News дека се шокирани од она што се случило и дека повеќе не можат да останат во заедницата разрушена од тага. На денот на нивната свадба починале 15 роднини на младоженецот, а невестата изгубила десет роднини.

Advertisement

Реван (27) и неговата 18-годишна невеста Ханеен велат дека се чувствуваат „мртво“ иако го преживеале пожарот.

Во трагедијата невестата ги загубила и мајка си и брат и. Нејзиниот татко е во критична состојба, тој е еден од речиси 150-те повредени. Двајцата младенци велат дека повеќе не можат да останат во родниот град.

“Тоа е тоа, не можеме повеќе да живееме овде. Секогаш кога ќе се обидеме да ја доживееме среќата, ни се случува нешто трагично. Подобро да одиме. Вистина е дека сме живи. Но, внатре сме мртви”, вели младиот човек .

На свадбата во вторникот вечерта присуствуваа околу 900 гости. Пожарот избувнал околу 22.45 часот. И покрај тоа што првичните извештаи велеа дека пламенот можеби бил запален од петарди додека невестата и младоженецот танцувале, Реван верува дека можеби бил краток спој.

„Може да е краток спој, не знам. Но, пожарот започна од таванот. Ја почувствував топлината… Траеше само неколку секунди“, рече тој. На видеата споделени кратко по трагедијата се гледа дека парот танцува додека парчиња запален материјал паѓаат од таванот. Луѓето почнуваат да врескаат и да трчаат.

Младоженецот вели дека и помогнал на сопругата која не можела да оди поради обемната венчаница. “Ја грабнав сопругата и почнав да ја влечам. Постојано ја влечев и се обидував да ја извлечам од вратата од кујната. Нејзините нозе се повредени”.

Реван изјавил дека во просторијата имало само еден противпожарен апарат, но тој не работи. Младоженецот рекол дека биле испалени шест огномети и дека татко му бил загрижен да не летаат искри на фустанот на невестата и да се запалат.

„Починаа нашите роднини, нашите пријатели, нашите најблиски… Пред два дена ги погребавме чичко Ханин и неговите две ќерки. Вчера го погребав другиот вујко. Денеска ја погребав неговата ќерка. Нејзиниот татко е во критична состојба. Не ја знам неговата состојба“, рече тој Реван.

“Тетка ми е мртва. Сестра ми е изгорена. Нејзиниот сопруг има изгореници по целото тело. Вујко ми изгуби седум роднини. Толку луѓе. И секој ден слушаме се повеќе и повеќе за ова. На нашата брачна ноќ… Што се случи Што направив? Зошто се случи ова?“, низ солзи рекла младенецот, цитиран од агенцијата Фокус.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.