Гир: Штом се изгласаат уставни измени, нема да има дополнителни одлуки кои треба да се донесат

news
Advertisement

Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека уставните измени ќе се донесат што поскоро.

Advertisement

Тој уверува дека по нив нема да има други допиолнителни одлуки на европскиот пат,но и денеска повтори дека ова е сепак суверена одлука на земјава.

-Би сакале и се надеваме дека ќе ги видиме овие промени направени што е можно поскоро за земјата да го искористи овој моментум и како што кажав, да се придвижи решително на нејзиниот евроинтегративен пат.- Дејвид Гир-евроамбасадор

Одговорот на евроамбасадорот доага по изјавата на претседателот Пендаровски кој смета дека доколку нема двотретинско мнозинство за уставните измени до крајот на годинава, за нив треба да одлучува идниот парламентарен состав. Според Пендаровски Македонија не треба да се откаже од процесот, но цени дека земјава изгуби година и половина на уставните измени, време кое вели тој можело да се посвети на внатрешните реформи.

-„Јас сум тој првиот кој јавно рече дека сум за францускиот предлог бидејќи тоа не ја урива Македонија. И јас ќе бидам до крај за тоа да ги направиме уставните промени час поскоро. Не бегам од тоа. Втората страна е, ако немаме шанса да дојдеме до две третини, ако под претпоставка не можеме да го направиме ова првото денес, утре, задутре… до крајот на годината, да ја мавнеме таа работа, да ја ставиме ад акта и да му дозволиме на утрешниот парламентарен победник и коалиција да се занимава со тоа прашање. Бидејќи знаете со сила убавина не бива“, рече Пендаровски за ТВ Телма.

Се знаеше дека ќе биде тешко двотретинското мнозинство, но секогаш велам дека треба да му остави простор на процесот, одговори премиерот Ковачевски според кого политичарите кои се водени од личен политички интерес нема да направат ништо за државата.

-Ќе се обидеме овој процес да заврши побрзо, не сакаме другите од регионот да отидат пред нас, не би сакал РМ да остане во друштво на Косово и БИХ, ваков процес треба да се заврши побрзо за побрзо да станеме членка на ЕУ, се друго е изолација, а еднаш видовме наместо 2011 решение се одлагаше и добивме полошо решение.- Димитар Ковачевски-претседател на влада

Инаку, преговорите со Европската унија биле во фокусот на средбата на Ковачевски и амбасадорката Агелер, на која заеднички било оценето дека е неопходно да се одржи европскиот правец на земјава а претстојниот чекор во соберанието е од клучна важност за тоа. И Ковачевски и Агелер како што соопштија од владата, го споделиле ставот дека проевропските политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста во озој момент, за да се осигура европската иднина на македонските грагани.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.