Advertisement
Полицијата вчера во Скопје санкционирала 172 возачи поради прекршување на сообраќајните правила.
Advertisement
Како што соопшти МВР, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење…
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.
Advertisement