Матични лекари: Не бараме покачување на платите од 78 отсто, туку приближно 10 проценти

news
Advertisement

Здружението на приватни Лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени, истакна на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението.

Advertisement

Тие од надлежнaта централна бараат покачување на платите. Барањето се однесува за 1400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Сите тие се сопственици на амбуланти во кои се вработени и по две медицински сестри.

– Ние не бараме покачување од 78 проценти, но бараме покачување од приближно 10 проценти, што е во согласно инфлацијата на ММФ. За да можеме да го следиме чекорот на просечна плата сметаме дека не треба да бидеме изоставени во зголемување на каптациониот бод, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека ЗПЛРМ денеска со ова нивно барање до надлежните се обратиле преку медиумите затоа што сметаат дека на овој начин досега голем број нивни иницијативи и предлози до надлежните биле попродуктивни во споредба со оние барања испратени со писмо.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.