Зајас – Направил цела колекција со украдени велосипеди

news
Advertisement

Претрес во Зајас, кај крадец пронајдени 15 велосипеди

Advertisement

Полициски службеници од Полициската станица Струга, вчера во 18:30 часот во Струга од слобода го лишиле С.Ј.(54) од кичевското село Зајас, поради тоа што при извршен преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби.

-Синоќа во 22 часот од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициско одделение Зајас, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Ј. во село Зајас, при што биле пронајдени и одземени 12 велосипеди, пет рамови од велосипеди, електромотор, како и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. се наведува во соопштението од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.