Познатиот наркобос: Ги пуштив кокошките оти знам како е во затвор. Чудната историја на затреланиот хрватски мафијаш

news
Advertisement

ГИ ПУШТИВ КОКОШКИТЕ ЗАТОА ШТО ЗНАМ КАКО Е ВО ЗАТВОР Застреланиот наркобос Сабљо дел од парите ги инвестирал во живинарска фарма
Сабљо е убиен по физички конфликт меѓу неколку лица. Бил застрелан од редарот во клубот. Хрватското обвинителство за корупција и организиран криминал(УСКОК) го следеше во специјална акција наречена „Тебра“.

Advertisement

„Знам како е да се биде затворен бидејќи и јас бев во затвор“, им рекол озлогласениот хрватски наркобос Томаслав Сабљо на своите работници на фарма откако ги пуштил кокошките од своите кафези да шетаат.

Сабљо беше застрелан од лицето од обезбедувaњето со четири куршуми во градите вчера пред фолкерскиот клуб „Риц“ во Загреб. Познат како „новото дете од Кнежија“ тој имал контакти по целиот Балкан. Деталите за убиството уште се истражуваат, меѓу другото и за тоа чиј бил пиштолот. Непосредно пред убиството настанал физички конфликт меѓу неколку лица.

Хрватското обвинителство за корупција и организиран криминал(УСКОК) го следеше во специјална акција наречена „Тебра“. Тој се поврзува со шверц на марихуана и палење автомобили низ Загреб. Во неговиот мерцедес полицијата имала поставено бубачка за снимање.

Томислав Сабљо бил „персона нон грата“ во најмалку два фолкерски клуба во Загреб поради проблемите што би ги направил при влегувањето, а сопствениците преку редарите му пренесувале дека не е добредојден.

Во 2021 година бил ослободен од истражен притвор, а имотот му бил деблокиран по судењето за наводна изнуда на 77-годишен маж.

„Излезен сум од затвор, дај ми пари, инаку ќе те масакрирам“, наводно, како што тврдел З.Г., биле зборовите што Сабљо му ги кажал телефонски веднаш штом излегол од затвор. Имаше и шпекулации дека тој се спогодил со обвинителот да биде пуштен за 3.000 евра.

Тој дел од парите од шверцот ги вложувал во живинарска фарма

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.