За Арсовска симптоматично е што дојавите за бомби се само за школи во надлежност на Град Скопје

news
Advertisement

На прашање дали има некоја информација за тоа кој ги праќа дојавите за лажни бомби, таа рече дека ќе остави МВР да си ја врши работата, но порача дека е срамно ова да се прави за ситни политички поени
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 утрово за првпат изрази сомнеж дека лажните дојави за бомби во средните училишта се за да му се наштети на градското раководство.

Advertisement

Дојавите, вели таа, ги има само на средните училишта што се под надлежност на Град Скопје, додека досега немаше за основните кои се под капата на општините или во школите во други градови.

„Овие закани и дојави ги имаше само на скопските градски средни училишта. Несериозно, проѕирно е, гледаме што сакаат да направат и ние ќе ги преземеме сите мерки за да може да бидат заштитени“, рече Арсовска.
На прашање дали има некоја информација за тоа кој ги праќа дојавите за лажни бомби, таа рече дека ќе остави МВР да си ја врши работата, но порача дека е срамно ова да се прави за ситни политички поени.

„Би дозволила МВР да ја работи својата работа. Меѓутоа, сметам дека и граѓаните и целата јавност едноставно може да продрат во оваа ситуација затоа што дојавите се исклучиво во средните скопски училишта… Само во средните училишта во Град Скопје. Тоа е сериозно, неодговорно, не верувам дека може некој да размисли да дојде до таков дијаболичен план да си игра до децата, нивната сигурност и безбедност. По сè можете да посегнете, но по деца не можете. Срамота е за политика и политички поени“, рече Арсовска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.