За два дена две деца каснати од бездомни кучиња во Тетово

news
Advertisement

Во изминатите два дена, две деца се повредени поради напади и каснувања од бездомни кучиња, а граѓаните со разни дописи до нашата редакција алармираат дека и од дома не можат да излезат поради глутниците.

Advertisement

Во СВР Тетово вчера 59 годишник од тетовско Беловиште пријавил дека малолетниот син околу 20 часот бил каснат од куче скитник на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“. Четириесет и седумгодишниот тетовец, С.С. на 27 март во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, неговата ќерка била касната од куче скитник, се вели во информациите на СВР Тетово.

Жител на населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица испрати фотографија до нашата редакција на која се гледа како глутница кучиња застанале пред премин и сите што поминуваат се соочуваат со страв.

– Иако важи за фреквентно место населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица се предизвик за граѓаните да поминат да си отидат дома, до работа или каде било да се движат. Бараме да преземат соодветни мерки и итно да се најде начин за справување со бездомните кучиња. Утринава бев нападнат од нив, а верувам дека и стотина ученици кои наутро одат на настава со страв поминуваат, се нападнати и ја избегнуваат локацијата. На враќање од работа, истата случка, од толку многу кучиња не може да се помине, вели Александар од оваа населба.

На 14 март градоначалникот Биљал Касами на новинарско прашање кога ќе почне најде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.

– Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами.

СВР Тетово на 13 март бележи вкупно шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години. Според евиденцијата во СВР Тетово преку 30 луѓе годинава за повредите од бездомните кучиња побарале да биде евидентирано од полицијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.