За колку пари „потона“ Охридскиот пливачки маратон

news
Advertisement

Традиционалниот Охридски пливачки маратон ќе доживее втор прекин во својата историја откако организаторот на легендарната трка денеска соопшти дека поради блокирана сметка нема да се одржи.

Еден од најголемите спортски настан во Македонија ккој стартуваше во далечната 1954 година и беше прекинат во 1966-тата за да биде возобновен во 1992-та повторно ќе биде прекинат од банална причина , блокирана сметка на маратонската трка.
Ова денеска го соопшти претседателот на националната пливачка федерација Горан Стојановски на приемот во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Маратонот без прекин се одржуваше од неговото возобновување пред 30 години и беше настан кој со нетрпение го очекуваше целолкупната македонска јавност но и вистински амбасадор на младата македонска држава со настап на светската пливачка елита.
Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, односно од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.
Не е јасно зошто оваа одлука се соопштува непосредно пред датумот за одржување на овој голем спортски настан и за колкави финансиски средства се работи.
За жал ова е тежок удар за Македонија, за македонскиот спорт и заедно со исфрлањето на РК Вардар од Лигата на шампионите екстремно разочарување за љубителите на спортот во нашата држава.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.