Зголем бројот на туристи и на ноќевања

news
Advertisement

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај годинава изнесувал 100 977, од кои 29.4 % се домашни, а 70.6 % се странски туристи.

Advertisement

Бројот на ноќевањата во мај 2023 година изнесувал 199 984, од кои 31.4 % се од домашните туристи, а 68.6 % од
странските.

Во периодот јануари – мај годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 29.4 %. Кај домашните туристи има зголемување за 4.8 %, а кај странските за 45.9 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18.6 %, и тоа кај домашните туристи за 0.6 %, а кај странските за 31.9 %.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.