Ковачевски-Мицотакис: Зајакнување и проширување на соработката меѓу двете држави е од заемен интерес

news
Advertisement

За двајцата премиери од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор за кој се согласиле дека има голем потенција.
За зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план се подготвени Северна Македонија и Грција, сметаат премиерите на двете држави, Димитар Ковачевски и Киријакос Мицотакис.

Advertisement

На нивната денешна средба во Вилнус, Литванија, на вториот ден од Самитот на НАТО, Ковачевски и Мицотакис изразиле задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Грција.

За двајцата премиери од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која, како што информираат од владината прес-служба, се согласиле дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Освен за темите од заеднички интерес, двајцата премиери разговарале и за актуелните регионални теми.

Премиерот Ковачевски изразил уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет, а исто така се заблагодарил и за грчката поддршка на процесот на интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.