Зеколи: Збогум Ковачевски!

news
Advertisement

Поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ и колумнист на „Дојче веле“ на македонски јазик, Арсим Зеколи, ја толкува епизодата со Македонска навигација како лебедова песна на политичката сцена за премиерот во заминување Димитар Ковачевски.

Advertisement

„Адио Ковачевски!

Хронологијата на вчерашните настани како доказ дека САД-ЕУ се многу ефикасни кога се засегнати нивните интереси.

По објавувањето на инцидентот на скопскиот аеродром, медиумското известување продолжи и попладне. Во меѓувреме, во доцните вечерни часови се случи најавата дека ‘Владата на следниот состанок на 9 јануари ќе го разреши целиот Управен одбор на М-НАВ’. Значи, итната одлука која сега е донесена ќе биде потврдена.

Преведено, тоа значи дека ‘нашите меѓународни пријатели’ силно интервенираа во Владата, бидејќи прашањето за воздушниот сообраќај е прашање на национална, меѓународна и НАТО безбедност, бидејќи и ‘Луфтханза’, и ‘Бритиш ервејз’ летаат над нашето небо, исто така ‘Аустриан’ и ‘Туркиш ерлајнс’, како и воени авиони за и од Блискиот Исток, Северна Африка…

Овој премиер е доволно политички мртов колку и да се фотографира со амбасадорката Агелер. Неговата непромисленост во работите што ја засегаат безбедноста на патниците високо над небото е непростлива и веројатно ќе резултира или со негова лична смена (со Спасовски), или со смена на СДСМ (со ДУИ).

Со други зборови, Модуларната болница беше внатрешна работа. ‘Беса транс’ беше билатерално прашање. Инцидентот на аеродромот е меѓународен скандал со можни финансиски последици (секој авион плаќа за користење на воздушниот простор) и особено врз безбедноста на цивилите и на војниците.

Селотејп држава“, коментира политичкиот аналитичар, историчар на уметноста и преведувач на Фејсбук.

ИЗВОР. https://www.expres.mk/zekoli-zbogum-kovachevski/?fbclid=IwAR1hLSrYuQ6QW7r1NaQCLwlu0lxakoQ2PgWGLm9TVImAI1GVSrCJT3LClx0

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.