Ковачевски му дал 5 дена на Ахмети да ги уништи доказите за криминал во Контрола на летање

news
Advertisement

Премиерот Ковачевски му дал цели пет дена на лидерот на ДУИ Али Ахмети да го покрие криминалот во М-НАВ односно Контролата на летање.

Advertisement

Познавачи на состојбите во МНАВ и Агенцијата за воздушна пловидба тврдат дека со вчерашната најава дека владата на својата следна седница ќе се расчистува случајот со Контролата на летање всушност даде простор на ДУИ преку своите кадри во МНАВ и другите институции да ги задскрие или уништи сите докази за криминал во оваа институција.

За пет дена моќна партија како ДУИ може да уништи огромен број докази за тоа што се правело во МНАВ а во исто време со закани или ,,убедување” може да натера голем број сведоци да го сменат ставот за тоа што го виделе, предупредува вработен во Контролата на летање.

Нема никаква пречка Владата уште вчера денеска да заседава на вонредна седница.

Ако Ковачевски и владата сакаат навистина да го расчистат случајот немаше на Груби и ДУИ да им дадат цели пет дена да прикажат друга слика, смета извор на expres.mk кој не сака да ризикува насилници од ДУИ да влезат кај него на работа и да го истепаат.

Наместо владата вчера да заседава веднаш и да го смени раководството таа дури за петок на девети јануари закажа седница за МНАВ.

Преку соопштение вчера власта информираше дека на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:

1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,

2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Воедно, Претседателот на Владата на Република Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Според соопштението наводно Претседателот на Владата на Република Македонија, Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио-сообраќај.

Поврзани вести

Приказна за шупелката, небото што се распаѓа и владата во слична состојба..

ИЗВОР. https://www.expres.mk/kovachevski-mu-dal-5-dena-na-ahmeti-da-gi-unishti-dokazite-za-kriminal-vo-kontrola-na-letanje/?fbclid=IwAR3iQZttX3463Gg04VhworIx3OiPF0e_v9XndATKKDguD5NZfmSu1BI277Q

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.