ПАЛЕЊЕТО ОГНОВИ Е ДИРЕКТНА НЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ: Љубчо Георгиевски вели, тоа е српска традиција увезена со српската слава

news
Advertisement

Се разгорува дискусијата околу палењето бадникарски огнови. Се огласи Љубчо Георгиевски кој вели дека освен што тие се чист паганизам, се увезени во земјава од Србија.

Advertisement

„ Палењето огнови во градот Скопје во име на на некаква христијанска македонска традиција е :

1.Крајно примитивна појава за еден град кој сака да биде урбан центар во Европа.

2.Самоубиствено од аспект на загаденоста и општото здравје.

3.Никаква христијанска традиција туку чист паганизам.

4.Никаква македонска традиција туку српска трдиција увезена со српската слава.Оваа е директна негација на македонскио идентитет.

5.Ваков примитивизам не постои во Битола,Прилеп,Струмица,Штип,Велес,Кавадарци и да не редам.

6.Македонската првославна црква години со ред се оградува од ваквиот начин на чекање на Бадник.“ напиша тој на фејсбук.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.