Advertisement
Украинскиот претседател Володимир Зеленски допатува во посета на Бугарија. Ова е негова прва посета на Бугарија од почетокот на војната во Украина.
Advertisement
Во последните денови се шпекулираше дали шефот на украинската држава навистина ќе ја посети оваа земја, но денеска истата беше потврдена од премиерот Николај Денков. Според премиерот, украинскиот претседател ќе слета со владин авион.
Од неговата програма се знае само дека ќе има средба со претседателот Румен Радев.
Advertisement