Граѓаните бараат реакција од надлежните откако ЕВН беше спречена да влезе во Слупчане: Кој го дозволува и толерира е многу јасно, законите не важат на цела територија

news
Advertisement

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на континуирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН.

Advertisement

Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот за дистрибуција.

Екипи на ЕВН синоќа сакале да влезат во селото, но биле блокирани од страна на жителите кои запалиле гуми на патот кон нивните домови.

„“Барикади со запалени гуми. Жители на Слупчане не им даваат на екипи на ЕВН да влезат во селото”

Исправно е на тој грабеж со струјата во никој дом да не се пуштени арно ама некои се привилегирани да не плаќаат, а други да преплаќаат за првите. Кој го дозволува и толерира е многу јасно иако законите за кражба на струја се многу строги, а за неплатени сметки следи исклучување. Законите не важат на цела територија.

Како ќе реагира државичево ќе видиме. Ако реагира“, стои во објавата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.