Земјотрес во Јадранското Море, почувствуван во Хрватска и Црна Гора

news
Advertisement

Земјотрес во Јадранското Море, почувствуван во Хрватска и Црна Гора

Advertisement

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Јадранското Море на длабочина од 10 километри, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 156 километри југозападно од Подгорица и 103 километри североисточно од италијанскиот град Бари. Земјотресот бил почувствуван во Хрватска и во Црна Гора.

ЕМСЦ наведува дека нема опасност од цунами.

Неколку минути пред земјотресот во Јадранското Море, уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран и во Албанија, на 45 километри од Елбасан. ссм/фото: ЕМСЦ .

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.