Познатиот руски јутубер откри јавно како децата на руските функционери не се мобилизираат

news
Advertisement

Дмитриј Низовцев, водител на „Популарна политика“, канал на Јутјуб создаден од поддржувачите на Алексеј Навални, во пренос во живо му се јавил на Николај Песков, син на прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Advertisement

Претставувајќи се како воен комесар, Низовцев му рекол на младиот Песков дека му е испратена покана и му наредил следниот ден во 10 часот да оди на лекарски преглед.

„Мора да разберете, ако знаете дека јас сум господин Песков, голема грешка е што јас сум на тој список. Накратко, ќе го решам ова на друго ниво“, одговорил синот на Песков.

Во текот на разговорот, тој рекол дека нема да оди во воената канцеларија и не дал согласност да го пријават како волонтер.

„Треба генерално да разберам што се случува и какви права имам. Да ме одведат мене утре – верувајте, тоа не ви треба ниту вам, ниту мене. Јас немам проблем да ја бранам татковината – но треба да ја разберам соодветноста на моето појавување таму, зборувам за одредени политички нијанси“, додал тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.