Инцидент во британскиот парламент, уапсени 6 демонстранти

news
Advertisement

Лондонската полиција уапсила шест лица откако припадници на климатското движење “Бунт против изумирањето” упаднале во салата за седници во Долниот дом на парламентот.
Четворица демонстрантите кои биле во Домот се уапсени, наведува “Reuters”.
Двајцата преостанати, од кои еден се качил на скеле пред парламентот и друг кој се залепил за тротоарот внатре во парламентот исто така биле уапсени. Пред тоа, климатската група објавила фотографија од пет лица кои во салата држат транспаренти со натписи “Нека одлучи народот” и “Граѓанско собрание – сега!”
Групата исто така поставила голем транспарент со истите пораки на скеле кое поради градежни работи околу зградата на парламентот било поставено таму. Демонстрантите исто така се заклучиле со катанци на капијата пред зградата. Групата “Бунт против изумирање” во главно протестира поради климатските промени.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.